Skip to main content
Скопје

Утре стапува на сила одлуката за забрана за фрлање на комунален отпад после 22 часот

16/11/2025  18:18

Од утре стапува на сила одлуката за забрана за фрлање на комунален отпад во контејнерите во периодот од 22:00 навечер до 6:00 часот изутрина.

За непочитување следува парична казна во висина од 50 евра. Првите неколку месеци ќе важат само опомени.

Целта на одлуката, како што велат од Град Скопје, е да се воведе правна рамка со која ќе му се помогне на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ при собирањето на сметот.