
Поради интензивните врнежи од дожд и силните ветрови што ја погодија Лигурија, во тој италијански регион беа регистрирани околу 252 интервенции на пожарникари.
Најголем број интервенции имаше во Џенова, каде што врнежите достигнаа 95 мм за 12 часа. Прогнозите предвидуваат понатамошно влошување на временските услови, со повеќе врнежи во наредните часови, објавува RAI Uno.
Во областа Алта Версили, во општина Серавец, беа пријавени проблеми во сообраќајот поради свлечиште, а три големи костени паднаа на патот, што предизвика блокада во сообраќајот.

