Skip to main content
Свет

Русите со дронови нападнаа станбени згради и соларна електрана во Украина

16/11/2025  12:17

Руските напади со беспилотни летала во текот на ноќта оштетија станбени згради и цивилна инфраструктура во Украина, вклучително и соларна електрана во регионот Одеса, соопштија властите денес. Русија испали ракета „Искандер“ и 176 дронови, соопштија украинските воздухопловни сили, истакнувајќи дека собориле или онеспособиле 139 дронови со електронско блокирање. Останатите 37 погодиле 14 различни локации, се вели во соопштението.

Јужниот регион Одеса, исто така, страдаше бидејќи руските сили повторно ја нападнаа енергетската инфраструктура, изјави гувернерот Олех Кипер. Соларна електрана е оштетена, напиша тој на Телеграм. Фотографиите покажуваат голем број срушени, скршени и пробиени соларни панели.

Од почетокот на војната во февруари 2022 година, Русија систематски ја напаѓа украинската цивилна инфраструктура. Москва ја оправдува оваа тактика тврдејќи дека електричната енергија произведена во електраните служи за воената индустрија на Украина.