Skip to main content
Македонија

Петровска: СДСМ мора да излезе со тим кој знае како да ја врати партијата на победнички патеки

16/11/2025  11:50

Јас прашањето за опстанокот, функционирањето на СДСМ не би го врзувала само со една личност, рече пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска во интервју за РСЕ.

Осврнувајќи се на состојбите во партијата, Петровска порача дека на СДСМ му е потребен тим на докажани луѓе кои ќе ја вратат партијата на победничките патеки.

„Мислам дека е многу важно после овој изборен пораз и после сите анализи, дискусии, дебати коишто ќе се направат, СДСМ да излезе со тим на луѓе кои ќе знаат како да ја вратат СДСМ на победничката патека“ рече таа.

Петровска се огласи и за шпекулациите за наводни поделби во пратеничката група.

„Од она што јас можам да го увидам во изминатава година и нешто како функционираме, нема поделби. Сме имале можеби различни гледања, различни размислувања за тоа дали во одредена ситуација треба да постапиме малку пожестоко или да имаме некој друг тип на стратегија, меѓутоа не би го нарекла тоа поделба, далеку од тоа“ заклучи Петровска.