Skip to main content
Македонија

Арсовска: Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за УСЈЕ

13/11/2025  18:03

Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, повторно ја обвини власта за прикривање на одговорноста на цементарницата „УСЈЕ“ за загадувањето на главниот град. Таа на социјалните мрежи сподели видео старо од пред една година и порача дека „Обвинителството ја чува кривичната пријава во фиока“.

-Со докази, кривичната пријава за УСЈЕ ја поднесов пред 3 години. Дали е приведен директорот на УСЈЕ за загадувањето на Скопје што го предизвикува континуирано и зошто не?

Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за УСЈЕ и да ги заштити граѓаните од нивното континуирано канцерогено загадување, стои во објавата на Арсовска.