
Делегација од Стопанската комора на Македонија–Турција (МАТТО) оствари работна посета кај новоизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка меѓу бизнис-заедницата и локалната самоуправа, за можностите за реализација на заеднички проекти, како и за конкретните придобивки што тие би ги донеле за граѓаните на Скопје.
Делегацијата на МАТТО беше предводена од претседателот Ајдован Адемоски, а во неа учествуваа потпретседателот и генерален директор на HALKBANK A.D. Skopje, Фатих Шахбаз, заменик-претседателите Имер Селмани и Марија Томеска, членот на Управниот одбор Мите Стојковски и извршниот директор Шахпаз Молалиев.
МАТТО, како еден од најактивните деловни мостови меѓу Северна Македонија и Турција, продолжува да ја зајакнува економската и општествената соработка преку партнерства со јавните институции и локалните власти, насочени кон развој, инвестиции и подобар животен стандард на граѓаните.

