
По неколку бледи зими во кои главниот град изгледаше тажно и речиси без празничен сјај, годинава Скопје ќе ја добие новогодишната атмосфера што ѝ доликува на една метропола. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека со ребалансот на буџетот ќе се обезбедат средства за украсување на улиците и плоштадите, како и за организирање новогодишна прослава за граѓаните.
„Со ова Скопје конечно ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани“, изјави Ѓорѓиевски во гостување на МРТВ, нагласувајќи дека целта е градот да ја врати празничната магија.
Скопјани која последниве години токму тоа го доживуваа на друго место – во соседните и европските градови, каде што веќе во ноември почнуваат божикните маркети и светлосните украси.

