Skip to main content
Македонија

Зголемување на економската соработка со Катар и воспоставување на директна авиолинија – вицепремиерот Николоски на средба со амбасадорот Ал-Кајари

10/11/2025  15:06

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Рашид Бин Саед Ал-Кајари вршител на должност амбасадор на Катар.

Билатералната соработка е на добро ниво, потенцираа двајцата соговорници и ја истакнаа можноста за зајакнување на економските и трговски односи меѓу двете земји.

На средбата вицепремиерот Николоски истакана дека Владата има амбициозна програма во делот на инфраструктурата, исто така во туризмот и авиосообраќајот. Во таа насока, Македонија води одлични политики во делот на ависообраќајот и ја потенцира можност за воспоставување на авиолинија меѓу Македонија и Катар (Скопје и Доха). 

Исто така на средбата се разговараше и за зголемување на соработката во  транспортниот сектор, туризмот и инвестициите. Притоа вицепремиерот Николоски истакна дека Македонија е во фаза на реализација на крупни капитални проекти и  повика на сите заинтересирани компании од Катар да се пријават на меѓународните јавни повици.