
Повозрасен маж бил нападнат од мечка околку 10 часот додека собирал печурки крај селото Рилево, општина Долнени.
Од нападот човекот се добил тешки повреди, а откако бил забележан од ловџии, бил пренесен во прилепската болница, а поради сериозноста на повредите потоа бил транспортиран во клиниките во Скопје.
Според жителите од населените места во Прилепскиот регион, вклучувајќи ги општините Долнени и Кривогаштани, појавата на мечки e се почеста, па се стравува дека ваквите напади би можеле да зачестат.

