Утре со почеток во 12:00 часот во Република Косово ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово.
„Предвидено е пред почетокот на меѓувладината седница, односно од 11:20 часот да се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и премиерот на Владата на Косово, Албин Курти, како и тет-а-тет средби помеѓу министрите од двете Влади. По завршување на меѓувладината седница, ќе се потпишат билатерални договори и меморандуми за соработка во повеќе области“ се наведува во владиното соопштение.