Skip to main content
Македонија

Меџити и ВЛЕН застанаа зад Максим Димитриевски во вториот круг во Куманово

22/10/2025  15:43

Кандидатот за градоначалник на Куманово од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска соопшти дека остварил средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези, и пратеникот Даниел Стојчевски.

Димитриевски информира дека од претставниците на коалициониот партнер Влен добил „искрена и силна поддршка“ за вториот изборен круг во Куманово.

„Оваа поддршка ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град и ни дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во реализација на проекти во интерес на сите граѓани“, напиша Димитриевски на социјалните мрежи.

Кандидатот на ЗНАМ се заблагодари на сите кои, како што рече, ја препознаваат и поддржуваат визија за иднината на Куманово и Македонија, додавајќи дека заедно ќе продолжат „да го градат градот и да работат во интерес на Кумановчани“.

Ова е втора јавна поддршка од страна на Влен, откако претходно Изет Меџити изрази поддршка и за Орце Ѓорѓиевски