Skip to main content
Скопје

Стевчо Јакимовски најавува победа во првиот круг во Карпош

08/10/2025  23:15


Во време кога опозицијата ја пласира приказната дека „ВМРО-ДПМНЕ води во Карпош“, кандидатот Стевчо Јакимовски цврсто се држи до резултатите од својата работа и најавува убедлива победа уште во првиот круг.

Јакимовски истакнува дека неговиот мандат зборува сам за себе, со реализирани проекти, инфраструктурни вложувања, чисти улици и грижа за животната средина.

Неговата екипа потенцира дека актуелните анкети се дел од предвремени пропаганди и не ги одразуваат реалните расположби на граѓаните. „Мнозинството Карпошани секојдневно ги оценуваат нашите услуги и комуникацијата со граѓаните. Таа поддршка ќе се трансформира во убедлива реална победа“, порача Јакимовски.

Тој додава дека изјавите на противкандидатите за „убедлив водство“ не треба да ги збунуваат граѓаните. Вистинската битка, според него, ќе се води на гласачкото место — со дела, а не со медиумски шпекулации.

„Ќе докажеме дека довербата е оправдана — и бројките ќе покажат дека Карпошниците знаат кој навистина ги преставува и работи за нив“, заклучува Јакимовски.