Skip to main content
Хроника

Кичевчанец возел со 1.85 промили алкохол во крвта

05/10/2025  14:10

На 05.10.2025  во 01:35 часот, кај месноста „Штрафара”, во близина на магистралниот пат Кичево- Гостивар, лишен од слобода е М.Ј.Г.(28) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв” со кичевски регистарски ознаки што тој го управувал и притоа, кај него констатирале 1,86 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило”.