
Изјава за медиуми, Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром
Почитувани аеродромци,
Јас како иден градоначалник ќе бидам партнер на младите и заедно со нив ќе ги градине младинските политики во општина Аеродром.
Младите мора да бидат во фокусот. Тие се двигателот на општеството и затоа посветуваме посебно внимание на создавање политики и мерки кои директно ќе го подобрат нивниот живот и ќе им отворат нови можности.
Во таа насока, предвидуваме:
Креирање Фонд за млади за финансиска поддршка на младите претприемачи и младинските организации;
Формирање Локален младински совет, кој ќе биде гласот на младите во општината;
Изработка на Младинска стратегија и акциски план, со јасно дефинирани приоритети и цели;
Поддршка и промоција на младите таленти, како и развој на услуги за кариерно насочување, доквалификации и преквалификации во соработка со образовни центри и институции;
Модернизација и целосна дигитализација на училиштата, со современа наставна опрема и едукативни средства;
Организација на редовни превентивни здравствени прегледи за младите;
Поттикнување на културни и спортски настани од интерес за младата популација.
Со овие мерки во која младите ќе имаат услови да се развиваат, да ги остваруваат своите потенцијали и да ја градат иднината тука, во својата општина.
Драги средношколци, студенти, млади, јас Александар Трајановски ќе бидам ваш партнер и заедно со Вас ќе ги градиме политиките во општина Аеродром.
Заедно со Вас младите ќе се избориме за нашиот дом! За нашиот Аеродром!