Skip to main content
Македонија

ОБСЕ нотира цензура кон Левица во предизборниот период

04/10/2025  15:43

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), преку Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), го поднесе преодниот извештај за локалните избори што се однесува на периодот од 5 септември до 1 октомври 2025 година. Во извештајот, меѓу другото, е нотирана и цензурата кон партијата Левица во однос на политичкото рекламирање.

Иако Изборниот законик предвидува медиумите да ги покриваат изборите на фер, избалансиран и непристрасен начин, со донесеното Упатство Левица фактички останува исклучена од медиумскиот простор и од платеното политичко рекламирање, освен во рамките на задолжителното информирање во вестите за изборните активности.

„Со ова на Левица ѝ се нанесува директна штета и се влијае на изборниот резултат – од бројот на освоени гласови до советничките и градоначалничките места”, посочуваат од партијата.

Правниот тим на Левица веќе поднесе неколку тужби до надлежните судови во земјава, како и барање за времена мерка за стопирање на примената на спорното упатство. Од таму најавуваат дека, доколку се исцрпат сите домашни правни средства, случајот ќе го изнесат пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.