Skip to main content
Македонија

ФЗО ќе ги презентира активностите за измени на Правилникот за плаќање на услугите во примарната здравствена заштита

03/10/2025  09:04

Фондот за здравствено осигурување денеска на прес-конференција ќе ги презентира активностите за донесување измени на Правилникот за начинот на плаќање на здравствените услуги во примарната здравствена заштита, со посебен акцент на предложената скалеста исплата на капитацијата за ординациите во руралните средини.

Како што се наведува во најавата, Фондот во оваа фаза ги повикува докторите кои веќе работат во рурални ординации, докторите кои би сакале да работат во овие средини, но моменталните услови претставуваат пречка, како и месното население од руралните подрачја, да се вклучат со предлози и мислења за измените.

Прес-конференцијата ќе ја одржат генералните директори на Фондот,  Сашко Клековски и Бранко Аџигогов.