Skip to main content
Македонија

Филипче: Јавното здравство е во колапс, приватните болници му диктираат на министерот 

03/10/2025  08:54

„Нема лекови, се одложуваат операции, нема доктори, се затвораат клиники во интерес на приватните болници, кои му диктираат на министерот за здравство како да работи. Докторите од приватните болници му се советници. Може да замислите каква катастрофа од систем – едноставно, тотална блокада на државата,” рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом”, во општина Аеродром.