Skip to main content
Македонија

Одрон на патот Живалево – Туралево, сообраќајот по една лента

03/10/2025  08:11

Од 5 часот има одрон на патот село Живалево – село Туралево и поради тоа сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, соопшти АМСМ. 

Од 3:40 часот е укината забраната за тешки товарни возила кон превојот Стража.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.