
Денеска ја исплативме платата од 80.000 денари за нашите пожарникари-спасители. Како што ветив Струмица има највисоко платени пожарникари-спасители во државата, објави денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Тој додаде и дека Струмица има и највисоко платена администрација во Македонија.
K-15 е исплатен четири години по ред, што дополнително го мотивираше тимот. Драги мои, вака јас го разбирам социјалдемократскиот аспект во моето општествено делување.
Многумина не ми веруваа, многумина посакуваа да не успеам во намерата да ги зголемам платите. Некои ме убедуваа дека не треба да верувам на синдикатот. Но тоа не е мојот начин на делување. Денес моето ветување е реализирано и видливо. Ви благодарам на сите што бевте до мене во служба на граѓанките и граѓаните на Струмица