
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе учествува на, како што локалните медиуми го оценија, необичен, состанок што ќе собере стотици адмирали и генерали од целиот свет во воена база во близина на Вашингтон.
Состанокот е организиран на иницијатива на министерот за одбрана, Пит Хегсет, кој ќе одржи говор. Иницијативата му се допадна на Трамп, кој ја оцени како „едноставно одлична“ и изјави дека очекува „министерот за одбрана да се зближи со генерали и адмирали од целиот свет“.
Трамп, исто така, ќе ја посети и воената база во Квантико, Вирџинија, каде што се очекува да одржи говор според официјалната програма на Белата куќа.
Од своја страна, потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, не ѝ даде големо значење на средбата во Вашингтон, изјавувајќи за новинарите дека „воопшто не е невообичаена“ и дека е „чудно“ што медиумите толку преувеличуваат. Невообичаената природа на состанокот и тоа што официјално не е наведен повод предизвикаа многу хипотези за можна изјава од Пентагон.