Skip to main content
Македонија

Историја, географија, биологија, физика и хемија повторно ќе се изучуваат како посебни предмети

14/11/2024  13:21

Историја, географија, биологија, физика и хемија повторно ќе се изучуваат како посебни предмети во основните училишта. Оваа одлука Министерството за образование и наука ја донесе согласно измените направени на Концепцијата за основно образование, според сугестиите на наставниците и стручната јавност.

-Измените овозможуваат повторно враќање на научните дисциплини историја, географија, биологија, физика и хемија како посебни предмети во третиот воспитно – образовен период од основното образование (седмо, осмо и деветто одделение), имајќи предвид дека претходно Концепцијата предвидуваше нивна интеграција со нејасно дефинирани насоки за реализација на часовите, но и кратење на многу содржини кои се од исклучителна важност за учениците на соодветната возраст – велат од МОН.

Министерството најави дека во периодот што следува ќе се изработи и нов Наставен план за основното образование, но и нови наставни програми по соодветните предмети во седмо, осмо и деветто одделение, кои етапно ќе се воведуваат почнувајќи од учебната 2025/2026 година, како и во двете учебни години потоа.