
Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа.
-На 26 септември 2025 се направени прегледи од страна на бугарски лекари и во самите слики се гледа бугарското знаме во државна амбуланта во Пустец ова е преседант бидеќи е државна инситуција каде живе македонско население признато од албанска држава. Секому е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз Македонците во Република Албанија, се вели во соопштението на МД „Илинден“ – Тирана.
Посочуваат дека и на Македонците низ цела Република Албанија им е јасно дека акцијата за бесплатни прегледи треба да биде дополнителна мамка за населението во областа Преспа за негово изјаснување како Бугари.
-Македонското друштво “Илинден“-Тирана изразува жалење што највисоките личности на албанската држава дозволуваат да бидат уценувани од бугарските политички лица за сметка на македонците во Република Албанија и што потклекнуваат пред тие уцени. При тоа, цената на уцените од Софија, врз политичкиот врв на нашата држава ја плаќа македонското население.
Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува албанските и европските институции, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз македонците во Република Албанија.
Напомнуваме, дека досегашното нереагирање од страна на државните институции за заштита на сопствените државиани, доведе до крајно дрски и насилнички атаци врз Македонците во Република Албанија, стои во соопштението.