Skip to main content
Хроника

Битолчанец возел пијан, полицијата го приведе

28/09/2025  14:58

Утрово во 6:30 часот во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај на СВР Битола го лишиja од слобода битолчанецот Р. Д. (24) затоа што управувал возило под дејство на алкхол.

Од СВР Битола информираа дека при сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „алфа ромео“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Р.Д. и при извршена контрола констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,51 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, потврдија од СВР Битола.

Како што е познато, максимално дозволениот алкохол во крвта на лица кои што управуваат моторно возило изнесува 0,5 промили во крвта, а за возачи почетници 0,09 промили.