Skip to main content
Балкан

Трамп го прими бугарскиот премиер: Стратешкото партнерство меѓу Бугарија и САД е клучно

27/09/2025  19:04

Стратешкото партнерство меѓу Бугарија и САД е клучно за нагорен развој на нашите односи, му порачал премиерот на Бугарија Росен Жељазков на американскиот претседател Доналд Трамп во Њујорк, средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Њујорк, како што известува Владата на Бугарија на нејзината официјална интернет страница.

Премиерот Жељазков учествувал на традиционалниот прием што го приреди американскиот претседател по повод заседанието на Генералното собрание на ОН.

За време на нивниот краток разговор, Жељазков ги посочил енергетиката и одбраната како едни од најважните области во кои САД и Бугарија постигнуваат историски успеси и брзо ја продлабочуваат својата соработка.