Skip to main content
Економија

Мицкоски: Од први октомври почнува исплатата на линеарното зголемување на пензиите

26/09/2025  14:35

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата за есенско зголемување на пензиите и од кога се очекува нивната исплата, изјави:

„Да, од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, она линеарно зголемување. А потоа и ќе биде на пролет, со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус и зголемување на пензиите за пензионерите, линеарно во вкупен износ по пензионер од 7.000 денари. Тоа практично ги надминува оние 5.000 кои што ги зборувавме за време на кампањата.”