Skip to main content
Скопје

(Видео) Јакимовски: Блиску сме до победа во првиот круг – лажните анкети нема да ви помогнат

26/09/2025  12:16

Мице и Соте (алудирајќи на Христијан Мицкоски и Сотир Лукровски) се добри другари, ама лоши деца, се заиграле со лажни анкети мислејќи дека ака полесно ќе дојдат до победа во Карпош, изјави градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски.

„Лажни анкети и лажни бројки се за во штаб и за во кафеана со другарите. До победа се доаѓа со работа, со труд и со резултати. И само да знаете – ние сме поблиску до победа во првиот круг, отколку вие до вашите лажни бројки. А знаете зошто? Затоа што на ваша страна се лагите, а на моја страна е народот. Народот на Карпош секогаш знае да ја препознае вистинат“ порача Јакимовски.