Skip to main content
Македонија

СДСМ ја објави целата содржина на Предлог-резолуцијата за дефинирање на црвените линии

25/09/2025  16:20

СДСМ попладнево ја објави целата содржина на Предлог-резолуцијата за дефинирање на црвените линии и таа е достапна на официјалната интернет страница на партијата на следниот линк: 

https://sdsm.org.mk/wp-content/uploads/2025/09/%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BB%D0%BE%D0%B3-%D0%A0%D0%B5%D0%B7%D0%BE%D0%BB%D1%83%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешниот брифинг со медиуми ја презентираше содржината на Предлог-резолуција за дефинирање на заедничките државни и национални позиции за продолжување на процесот на зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Тој посочи дека предлог резолуцијата произлегува од стратешките национални интереси пред се интересот на граѓаните и огромниот процент на поддршка за процесот на пристапување кон ЕУ. Филипче додаде дека со овој документ ќе се отстранат сите грижи, сомнежи и дилеми поврзани со заштитата на идентитетските обележја во текот на процесот на пристапување со Европската Унија.

„Ова е нешто што сметаме дека треба биде приоритет непосредно после локалните избори имајќи предвид дека силно чекорат и брзо напред соседите Албанија, Црна Гора во регионот. Има позитивни сигнали од земјите членки на ЕУ дека има волја за проширување на Европската Унија. Овој период заклучно со 2030 година е период којшто ние не треба да го пропуштиме.Натамошно чекање не ги подобрува нашите позиции затоа е потребен итен ангажман на ниво на ЕУ за натамошните чекори во процесот и на ниво на координација за исполнување на обврските од преговарачката рамка кај нас дом”, рече Филипче.

Двата најважни делови од Предлог- резолуцијата односно црвените линии, како што кажа Филипче се определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ.„Тоа се елементи за кои не се преговара со Европската Унија и ова се нашите црвени линии и сметам дека треба да бидат црвените линии на целата нација. Многу од овие одредници се заштитени со претходни декларации документи и договори меѓународни. Тоа што сега нудиме е заеднички пристап како и секоја друга сериозна држава, да имаме заеднички црвени линии. Поради тоа што ако го постигнеме националниот консензус и ако интензивно работиме на реформите притоа државата расте се надградува и зајакнува,никој никогаш и ништо нема може да запре на патот кон Европската унија”, рече Филипче.

Тој додаде доколку во преговорите за членство се отвораат или наметнуваат прашања што го доведуваат во прашање македонскиот јазик или идентитет, државниот врв има обврска со заедничко писмо да ја информира ЕУ дека тие теми се неприфатливи и не се предмет на преговори.

На брифингот Филипче посочи дека Република Северна Македонија е подготвена да ги исполни обврските од преговарачката рамка вклучувајќи ги и уставните измени со јасно определба дека е тоа последна пречка без прифаќање нови барања или прашања од билатерален идентитетски карактер.

„Сите билатерални прашања со Бугарија ќе се решава во билатерални разговори инструменти воспоставени меѓу двете држави на еднакво основа без да се создаваат нови блокади на преговарачкиот процес”, рече Филипче.

Тој додаде дека ова ќе биде еден предлог документ односно предлог работна верзија за којашто очекува сите политички чинители субјекти прво да имаат конструктивен пристап,   сериозно го разгледаат овој документ, да дадат свои предлози и заеднички да се  донесе во Собранието. Затоа и докуменот во работна верзија ќе биде поднесен во Собранието.

„Овој документ доаѓа во пакет со Предлог закон за улогата на Собранието во процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија во кој што се дефинираат повеќе работи, улогата на Собранието, улогата на Комисијата за европски прашања во процесот на преговори, улогата на Националниот совет за евроинтеграција во процесот на преговори и неколку делови од резолуцијата”, рече Филипче.

Инаку, во Предлог- резолуцијата се наведени повеќе претходни резолуции, договори со точна дефиниција како и на кој начин и што од идентитетските одредници е заштитено во тие документи почнувајќи од 93-та година односно Резолуцијата за надворешно политички приоритети на земјата за членство во НАТО и ЕУ.

„Потоа во 1998 година Декларација за развој на односите со Еевропската Унија, декември 2005 година кандидатскиот статус за членство во ЕУ, октомври 2009 година преговори со ЕУ со дополнително условување за развој на добрососедските односи, 2017 година договорот за добрососедство со Бугарија, 2018 Преспанскиот договор, 2019 Обединети Нации го потврдуваат македонскиот јазик како официјален за меѓународен употреба, 2021-ва година Собранието донесе со 95 гласа „ЗА” Резолуција за утврдување на македонските црвени линии предложена од тогашната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, а прифатена од најголем дел од пратениците од тогашното мнозинство вклучувајќи го и СДСМ, 2022-ра година заклучоци за дефинирање на македонските државни национални позиции во однос на преговарачката рамка со ЕУ”, рече Филипче

Во однос на спроведувањето на реформската агенда, во предлог резолуцијата е наведено Владата и Собранието да се целосно посветени за спроведување на реформската агенда со максимален фокус на забрзување реформите зашто се препорачува ресорните министри на квартално ниво на реферираат пред Националниот совет за европски интеграции, Комисијата за европски прашања за динамиката на носење на соодветни закони од ресорите, согласно реформската агенда.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста