Skip to main content
Хроника

Серија напади во Скопје: тепачки на автобуска и пред клиника, мајка нападната од ќерка

25/09/2025  14:52

Вчера во Скопје се регистрирани неколку инциденти во кои бил нарушен јавниот ред и мир со физички пресметки и напади.

Околу 18:10 часот на автобуска постојка во општина Аеродром, по претходна расправија, дошло до тепачка меѓу 35-годишниот Б.С. од Свети Николе и двајца скопјани – Н.Ц. (45) и О.Ц. (40).

Во 10:50 часот, во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, 34-годишниот А.Е. од Неготино бил физички нападнат од 41-годишниот С.С. од Скопје.

Во 15 часот, 68-годишна скопјанка пријавила дека претходниот ден во својот дом во Гази Баба била нападната од сопствената ќерка, 36-годишната Д.С.

Неколку часа подоцна, во 16:05, 71-годишниот С.М. од Скопје пријавил дека бил нападнат на подрачјето на Ѓорче Петров од 69-годишниот Н.З., кој при тоа употребил и тврд предмет.

Од МВР информираат дека во сите случаи се преземаат мерки за целосно документирање на настаните и ќе следуваат соодветни поднесоци