Skip to main content
Хроника

Скопјанка прегазена пред крстосница во Скопје

25/09/2025  14:14

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“, пред крстосница со ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(35) од Скопје, удрило во пешакот З.Т.(59) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.