
Во нашата Македонија и регионот, како и во најголем дел од Европскиот Континент следната седмица ќе имаме многу поладно време со потпросечни температури на воздухот за самиот крај на септември и за почетокот на октомври месец. Тоа значи дека ќе имаме вистинско есенско време.
Ќе бидеме под влијание на значително поладна воздушна маса со потекло од исток и од североисток.
Во нашиот дел од Европскиот Континент ќе има почести и пообилни врнежи од дожд, особено во првите денови од седмицата. Поради заладувањето, не се исклучува можноста на највисоките планински места (над 2000 метри надморска височина) да ги имаме и првите врнежи од снег за оваа сезона.