Skip to main content
Македонија

Ахмети му се обрати на Мицкоски: Скршнувањето од патот кон ЕУ ќе предизвика поделби, едни ќе одат во Албанија, а други во Бугарија

25/09/2025  13:45

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчеравечер од Тетово му се обрати директно на премиерот Христијан Мицкоски, предупредувајќи го дека евентуалното скршнување од патот кон ЕУ ќе предизвика поделби на Македонија, во кои, како што вели, граѓаните ќе немаат друг избор освен дел од нив да одат со Албанија, а останиот дел со Бугарија, пренесува Тетова сот.

Ако не го продолжи Македонија својот пат кон ЕУ, тогаш граѓаните на оваа земја нема да имаат друг избор освен некои да одат со Албанија, а другите со Бугарија!“, изјави лидерот на ДУИ.

„Затоа, не ги хранете нашите сограѓани со омраза, бидејќи не се Албанците тие кои ја преземаат државата, ниту Бугарите. Албанија и Бугарија се во ЕУ, каде ќе бидеме?”, додаде Ахмети.