Skip to main content
Балкан

Хаос во албанскиот парламент: Oпозицијата не сака AI министерка

19/09/2025  12:07

Владата на премиерот Еди Рама воведе министерка за јавни набавки со вештачка интелигенција наречена Диела а која денеска го имаше своето прво обраќање.

Откако министерката за јавни набавки во Албанија, создадена од вештачката интелигенција, изјави дека е „повредена“ што ја нарекле „неуставна“, пратениците од опозицијата почнаа да фрлаат шишиња и хартии кон премиерот Еди Рама.

На 11 септември, Албанија го избра својот прв министер за вештачка интелигенција, кој е задолжен за јавни набавки и тендери, опозицијата со денови се противи на овој чин нарекувајќи го неуставен,