
Цел ден денес горат простории каде е сместен електронски отпад, а густ чад го прекри половина Скопје.
Познавачите велат дека овој чад кој доаѓа од горење на литиумски батерии и останат електронски отпад е сериозно опасен по здравјето на граѓаните.
Неколку часа откако избувна пожарот, се јави и Министерството за здравство.
Но оттаму нема ниту една препорака до населението кое живее близу пожарот. Во објавата кусо се наведува дека тие ја следела состојбата и биле во контакт со другите институции.
„Ја информираме јавноста дека Министерството за здравство ја следи состојбата со пожарот во скопско Трубарево. Во постојана координација е со сите надлежни институции. Службите на Министерството се подготвени за навремено постапување во рамки на своите надлежности, а во зависност од натамошниот тек на настаните“ се вели во објавата.