
Денеска, од новата општинска зграда на Карпош, свечено го истакнавме државното знаме – симболот на нашата независност и слобода, објави градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.
„Овој ден не е само потсетник на историскиот избор што го направивме во 1991 година, туку и обврска да ја чуваме и градиме Македонија со иста таа љубов и решителност. Македонија е вечна кога народот стои исправен и горд. Среќен 8 Септември – Ден на независноста“ стои во објавата на Јакимовски.