Штабот на Трамп преку суд побара да прекине броењето на гласовите во Мичиген

Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп денеска поднесе барање да прекине броењето на гласачките ливчиња на претседателските избори во сојузната држава Мичиген.

„Денеска поднесовме барање пред судот во Мичиген да престане броењето додека не ни се овозможи пристап”, се наведува во соопштението на изборниот штаб на Трамп, пренесуваат британските медиуми.

„Ние, исто така, бараме да се прегледаат оние гласачки ливчиња што беа отворени и преброени пред да имаме пристап”, се додава во соопштението на кампањата на Трамп.

Победата во Мичиген носи 16 електорални гласови, а за победа на изборите се потребни еден од кандидатите да освои најмалку 270 вакви изборни гласови

Треба да знаете
Последни објави