Мицкоски: Процентуално кај нас умираат повеќе луѓе од најцрните денови во Шпанија и Италија

Христијан Мицкоски, вечерва на ТВ Клан истакна дека со денешната статистика во Македонија умираат повеќе лица од најцрните денови во Шпанија и Италија оваа пролет, а властите кај нас прогласија победа над пандемијата уште во мај месец, а сега е полошо од ден на ден со четвороцифрени бројки за заразени.

-Наместо подготовки за втор бран ние имавме во јавноста изјави да не се грижат граѓаните, зашто подготвени ќе влеземе во вториот бран, па еве сега влеговме во вториот бран и денеска имаме 21 граѓанин помалку во Македонија, тука нема етнички состав Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми умираат, поради негрижата на оваа Влада и институциите што ги менаџира оваа Влада, истакна Мицкоски.

Мицкоски вели дека денеска има 45,6% инфицирани лица од тестираните граѓани, и вели дека тоа е повеќе од најголемиот пик од Бергамо и во Шпанија кој што го гледавме во оној прв бран којшто се случуваше оваа пролет.
Овој денешен втор бран е последица на лошото мениаџирање во првиот бран иако „политикологот“ Караџовски прогласи победа над пандемијата некаде чинам кај мај месец, сепак некаде чувството на граѓаните е дека ние никогаш не сме излегле од пандемијата, туку таа станува од ден на ден се полоша, за денеска да имаме и четвороцифрени бројки на заболени и сериозна бројка на граѓани кои го губат својот живот, критикуваше Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави