Легендарниот Герд Милер во многу тешка здравствена состојба

Легендарниот германски голгетер Герд Милер боледува од деменција и неговата состојба е многу сериозна, објави неговото семејство.

Тој изминатите пет години е во специјализирана установа близу Минхен каде утре ќе го прослави својот 75 роденден.

„Милер речиси 24 часа во текот на денот минува во кревет, има само ретки моменти кога е буден и полека се лизга кон задгробен живот“, изјави за „Билд“ неговата сопруга Уши Милер.

Милер има постигнато 365 голови на 427 биденслигашки натпревари за Баерн, а 62 голови на 68 натпревари за Западна Германија. Беше најдобар стрелец на Мундијалот 1970 и истата година ја освои „Златната топка“.

Треба да знаете
Последни објави