Skip to main content
Скопје

Бујар Османи од Чаир: Мојот најсилен политички капитал е интегритетот!

01/09/2025  21:11

Во емотивно и мобилизирачко обраќање пред над 600 членови и поддржувачи во Чаир, кандидатот за градоначалник Бујар Османи порача дека изборната трка добива многу пошироко значење од обична политичка кампања.

„Овде се создава народно-општествено движење на отпорот и надежта,“ истакна Османи, обраќајќи се пред полна сала во Чаир.

Според него, ова движење е одговор на исклучувањето, дискриминацијата и политичката ароганција која трае повеќе од две децении.

„Луѓето не бараат замена на еден функционер со друг. Луѓето сакаат да се промени културата на владеење, да престане узурпацијата, корупцијата, мрзеливоста.“ – рече Османи

Тој го потенцираше интегритетот како своја најголема политичка вредност:
„Ако имам политички капитал, тоа е интегритетот. Ниту како хирург, ниту како политичар, не сум дозволил некој да покаже прст кон мене. Тоа е моето најголемо богатство кое ви го нудам.“

На крајот, Османи повика на уште посилна мобилизација:

„Не застанувајте. Тропањето на врати, разговорите, поддршката, сето тоа е дел од нашата заедничка кауза. Правдата е на наша страна.“ – завшри Османи