Search

Во Унгарија 65 починати од коронавирус во последните 24 часа

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Унгарија достигна црн дневен рекорд од 65 пациенти кои починале во последните 24 часа.

Бројот на потврдени случаи на инфекција за еден ден скокна на 3.286, соопштија унгарските здравствени власти.

Дневниот број на заразени вчера беше 2.194.

Владата не објави нови ограничувачки мерки и покрај големиот број на заразени, но премиерот Виктор Орбан истакна дека властите ќе казнат секој што не носи маска на места каде што се бара.

Висок унгарски здравствен службеник вчера изјави дека носењето маски ќе биде задолжително во рестораните и баровите, освен додека се консумира храна или пијалак.

Полицијата ќе има овластување да затвора места каде што не се применуваат прописите.

Во Унгарија, од почетокот на пандемијата се регистрирани 71.413 случаи на инфекција и 1.699 смртни случаи.

Треба да знаете
Последни објави