Search

Капетанот на товарниот брод што удри во грчки воен брод ќе биде уапсен и изведен пред јавен обвинител

За предизвикување несреќа поради небрежност и за прекршување на меѓународните правила за избегнување судир ќе одговара полскиот капетан на товарниот брод под португалско знаме што вчера се судри со брод на грчката воена морнарица во близина на атинското пристаниште Пиреас, објавија грчките медиуми. Капетанот на товарниот брод „Maersk Launceston”, од вчера е приведен во Крајбрежната служба во Пиреас, ќе биде уапсен и утре ќе биде изведен пред јавен обвинител.

Вчера наутро, во близина на атинското пристаниште Пиреас, од сѐ уште непознати причини, товарниот брод удри во брод на грчката воена морнарица, предизвикувајќи голема штета во задниот дел, а полесно беа повредени две лица.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас за информативниот портал „Њузит” вчера рече дека е „зачудувачки како се случи инцидентот и товарниот брод не го виде воениот брод и речиси се качи на него”.

Треба да знаете
Последни објави