Skip to main content
Хроника

Скопски полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце

27/08/2025  13:49

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје против А.Б., виш полицаец во Единица за интервентна полиција при СВР Скопје. Тој е осомничен за кривично дело „давање поткуп“ по член 358 став 1 од Кривичниот законик.

А.Б. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а Основниот кривичен суд Скопје му изрече мерка претпазливост и забрана за вршење на дејност. Воедно, Одделот за внатрешна контрола најави дека ќе поднесе и предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.