
Под влијание на посвежа воздушна маса од север, за време на викендот (сабота и недела 23/24 август) температурите ќе бидат во опаѓање за 5 до 7 степени во споредба од оние кои ги имаме сега во нашата Република Македонија. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец и истиот ќе биде најизразен должд Повардарието и особено во сабота (23 август).
Во сабота (23 август) сеуште ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Што се однеусва до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 30 степени. Наутро пак ќе биде значително свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 18 степени, во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 14 степени.