
На 1 ноември 2025 година, арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде домаќин на фестивалот SCREAM, каде што на едно место ќе застанат три легенди на музичката сцена, Влатко Стефановски трио, Рибља Чорба и Галија. Вечерта ќе биде дополнета со бројни изненадувања, а на сцената ќе се појави и специјален гостин, чие име останува во тајност сè до самиот настан.
Оваа година фестивалот носи сосема ново значење и добива посебна тежина, тоа нема да биде само уште еден концерт, туку свечена рок посвета на човекот кој со својот глас, своите стихови и својот бунтовен дух засекогаш ја промени историјата на балканската музика – Бора Чорба.
На 1 ноември 2025, токму на денот кога својот роденден би го прославил легендарниот Бора Чорба, арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе стане центар на најголемото музичко славење на рокенрол духот на овие простори.
Тројца великани, три различни музички универзуми, но една заедничка цел: да ја донесат најсилната рок енергија во Македонија.
Влатко Стефановски трио – најголемиот виртуоз на гитара на овие простори, уметник чија музика е вечен печат на македонската и регионалната сцена. Рибља Чорба – бендот кој повеќе од четири децении е симбол на бунтот и чиј фронтмен, незаборавниот Бора, ќе биде центарот на оваа вечер, ќе ја продолжи неговата приказна и ќе покаже дека рокот не умира, туку живее низ песните што ги пеат илјадници луѓе. Галија – бендот на големите балади и силните емоции, чија музика е доказ дека времето може да помине, но добрата песна останува засекогаш.
„Scream festival 2025“ – Настан кој ветува експлозија од звук, емоции и носталгија, но и нова свежина што ќе ја почувствува секој присутен. Настан што ќе ги спои генерациите, ќе ја врати енергијата на златните рок времиња и ќе ја запише арената „Борис Трајковски“ како сведок на уште една историска ноќ.
Повеќе од четири часа жива музика, спектакуларна продукција и бројни изненадувања што ќе ја разгорат атмосферата.
Ексклузивна цена на карти од 700 денари само до 12 септември!
Картите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК Травел во Бисер и ЈК травел Дајмонд.
Онлајн карти може да купите со клик ТУКА.