Skip to main content
Хроника

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

10/11/2026  09:09

На 09.11.2026 во 18:40 часот на пешачка патека покрај реката Вардар на подрачје на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.С.(19) од Скопје затоа што при извршен преглед над него била пронајдена и одземена марихуана.

Подоцна, со судска наредба и во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР, извршен е претрес во домот и други простории на Ф.С., при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.