Skip to main content
Балкан

Пожари во Црна Гора: Најкритично е кај Подгорица!

17/08/2025  09:24

Ситуацијата во врска со пожарот кај Подгорица е критична, а сите расположиви противпожарни екипи се распоредени на терен, изјави Милан Радовиќ од Дирекцијата за заштита и спасување на Црна Гора.

Радовиќ изјави дека е особено критично во подгоричката населба Копиље и на Стијена Пиперска, и дека се стравува дека северниот ветер би можел да влијае на ширењето на пожарот, објави РТЦГ. Тој рече дека активни пожари има и во областите Бијело Поље, Даниловград и Никшиќ. Радовиќ истакна дека во гаснењето на пожарот учествуваат и хеликоптери од Чешка, Босна и Херцеговина и Србија, и дека благодарение на хеликоптерот испратен од Србија, пожарот во Дајбаба кај Подгорица е ставен под контрола.

Швајцарски противпожарен тим пристигнал на помош на Црна Гора од петок – 26 пожарникари со четири специјализирани возила, соопшти црногорското Министерство за внатрешни работи.