Неспособноста на министерот Венко Филипче ја потврдуваат бројките кои ги соопштува токму министерството за здравство со кое тој менаџира.
По вчерашната поразителна бројка од 317 заболени во едно деноноќие, денес и министерството и Институтот за јавно здравје со нови црни рекорди.
Во однос на минатата недела зголемување од 35,5% на бројката за новозаболени или повеќе од една третина.
Пријавени 30 смртни случаи или 7,1% повеќе во однос на претходната недела.
Ситуацијата е целосно излезена од контрола.
Неспособноста на Филипче и Заев резултира со огромни бројки на заразени за кои наскоро ќе нема место во болниците
Неспособност на Филипче и Заев чини животи. За едена недела процентот на починати од корона вирус е скоро 10 проценти поголем. Свесен ли е Филипче дека починатите се лица со име и презиме.
Неспособноста на Владата предводена од Заев и неговите министри како Филипче убива луѓе.
За ова мора да има одговорност!