
Актуелниот европски фудбалски шампион ПСЖ и освојувачот на Лига Европа, Тотенхем, вечер ќе го играат Суперкупот на УЕФА.
Во ПСЖ се оптимисти дека со трофеј ќе ја отворат новата сезона. Капитенот на парижаните, Маркињос, најави голема борбеност на неговиот тим кој е фаворит.
– Одлично е што ја започнуваме сезоната вака – како победници на Лигата на шампионите! Ова е првпат за играчите на ПСЖ. Ние сме борци и секогаш сакаме да се бориме за сите можни титули. Еднаш да се победи е одлично, но сакаме да се бориме за трофеи одново и одново. Тотенхем е добро подготвен. Ние иако не сме во најдобра физичка форма, имаме тим на високо ниво, изјави Маркињос за француските медиуми.
Натпреварот ПСЖ – Тотенхем ќе се игра вечер од 21 часот на стадионот „Фриули“ во италијанскиот град Удине.