Skip to main content
Македонија

Шалтерот за издавање уверение за државјанство во МРТВ ќе работи до 19 часот

12/08/2025  16:46

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради зголемениот број барања, шалтерот за издавање на „Уверение за државјанство“ во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) ќе работи во периодот од 08:00 до 19:00 часот, со цел да одговори на сите барања на граѓаните.

Од МВР потсетуваат дека услугата за издавање Уверение за државјанство е достапна и дигитално преку порталот uslugi.gov.mk.