Skip to main content
Балкан

(Видео) Како тресеше земјотресот во Турција

10/08/2025  20:38

Земјотрес со јачина од 6,1 степен попладнево го погоди западниот дел од Турција.

Според првичните информации, оштетени се неколку објекти, а како тресеше земјотресот во Турција, погледнете на видеото подолу.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на околу 52 километри од градот Баликесир. Јаката потресна активност била почувствувана не само во Баликесир, туку и во Истанбул, како и во поширокиот регион на Мармара и Егејското крајбрежје.

Засега, нема информации за повредени лица или човечки жртви.