Skip to main content
Македонија

Од вкупно осум пожари на отворен простор, активни се четири

10/08/2025  14:38

На територијата на државата денеска до 13 часот имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири пожари и изгаснати четири пожари, информира Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Национален парк Јасен во Општина Македонски Брод, каде гори мешана шума, потоа пожарот во село Рамановце во Општина Куманово, каде гори стрниште, пожарот на депонија во во атарот на село Бучин во Општина Крушево и пожарот на стрниште помеѓу селата Копаница и Рашче во Општина Сарај.

Изгаснати се пожарите помеѓу селата Биџево и Ливада во Општина Струга, кај село Балиндол во Општина Гостивар, покрај патот Гевгелија – Богданци во Општина Гевгелија и кај село Ерџелија во Општина Свети Николе.